Наполи и Пари Сен Жермен се во напредна фаза на преговори за трансфер за играчот од средниот ред Фабијан Руиз. Фудбалерот не сака да остане во Неапол и затоа инсистира зделката да биде завршена што поскоро.
Неговиот договор со Наполи завршува следното лето, а Италијанците размислуваат да го продадат за да не го загубат играчот бесплатно.
ПСЖ е подготвен да плати 25 милиони евра за 26-годишниот Шпанец, кој минатата сезона постигна 7 гола на 32 меча во Серија А.