Јирген Клоп го посакува Марсело Брозовиќ, Хрватот кој е еден од клучните играчи на Интер. Имено тој посакува на Фабињо да му донесе конкуренција или замена, а за тоа е подготвен на Интер да му понуди еден од своите две ѕвезди Фирмињо или Кеита и плус 10 милиони евра.
Брозовиќ според Клоп идеално би се снашол во тимот на “редси“ а познато е дека Кеита и Фирмињо не се во преден план уште од минатата сезона.
Сега се чека на одговорот на Интер, посебно ако се знае дека Брозовиќ со овој клуб има важечки договор, но исти така има и големи финансиски проблеми, но тешко е за верување дека така лесно ќе го пушти својот клучен фудбалер од средината на теренот.