Каков кошмарен старт на Ерик Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед во Премиерлигата. Каква бламажа. Попладнево на преполниот “Олд Трафорд“, Јунајтед беше поразен од Брајтон со 1:2 (0:2). Навистина голем шок за сите во таборот на “ѓаволите“.
Грос во 30. и 39.минута постигна два гола за водство од 0:2 на гостите, Роналдо беше на клупата.
Во 53.минута Португалецот влезе во игра, Јунајтед почна нешто да игра, имаше и шанси, а автогол си даде Мекалистер во 68.минута за 1:2.
Потоа до крајот Јунајтед беше во тотална офанзива, се редеа акциите и шансите пред голот на Брајтон, но на крајот резултатот гласеше 1:2.
На вториот меч ова попладне во ПЛ, Лестер и Брентфорд одиграа 2:2.