Сити има “ЅВЕР“: Супер – Халанд на дебито во Премиерлигата!

411

Фудбалски „монструм“, фудбалски „ѕвер“ или само човек? Каков ли само напаѓач доби Пеп Гвардиола во својот тим. А тоа е Ерлинг Халанд кој уште на своето деби во дресот на Манчестер Сити во Премиерлигата покажа дека ќе „царува“ и тоа како.

Вест Хем – Манчестер Сити 0:2, и тоа со двата гола на Норвежанецот, кој прво во 36.минута од пенал го постигна својот прв гол во најсилната лига во светот, за да во 65.минута по асистенциојата на Де Брујне, Халанд ги постави конечните 0:2 за “граѓаните“.

Пеп и фановите на Сити можат да бидат апсолутно задоволни од се она што се случуваше на мечот во Лондон.

Прва меч, веднаш победа и супер – деби на големата ѕвезда на светскиот фудбал.

ПретходноПМФЛ: Голчиште на Додев, Брегалница ја “освои“ Струмица, Силекс убедлив со Работнички! (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ го пропушта стартот, во стројот на Јончевски ќе се приклучи на 17 август!