Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон ќе добие одлично засилување во продолжение на новата сезона. „Волците“ успеале да се договорат со Валенсија за трансфер на напаѓачот Гонсало Гуедеш со што англискиот клуб го продолжува трендот на доведување на португалски играчи во Премиер лигата.
Гуедеш се сели во Вулфс за 32 милиони евра плус бонуси, а напаѓачот во текот на денешниот ден треба да пристигне во Англија и да го стави потписот. За него се интересираше и Арсенал но „топчиите“ не успеаа да се договорат со Валенсија.










