Клоп го “пикираше“ за 2023, но Пеп ќе го купи одма и тоа за 100 милиони евра!

636

Се чини дека Бернардо Силва и дефинитивно заминува во Барселона. Манчестер Сити не сака да го пушти својот клучен играч, но сепак желбата на Португалецот за промена е голема и Пеп Гвардиола нема да му прави веќе проблеми.

Па така сега Пеп се врти кон Џад Белингем, репрезентативец на Англија во дресот на Борусија Дортмунд, еден од најдобрите млади фудбалери.

Интересно е тоа што Ливерпул, односно Јирген Клоп го “пикираше“ Белингем за следното лето, имаше и начелен договор за трансфер вреден 80 милиони евра, но Пеп го сака одма и тоа за 100 милиони евра.

Интересно нема да бидат 100 милиони за Сити, ако се знае дека Силва во Барса ќе оди за 60 милиони евра.

Ете ја “математиката“ на Гвардиола, за 40 милиони евра ќе го има Белинген веднаш во тимот.

ПретходноБелорусин ќе му суди на Шкупи: Македонија со Кулбаков победувала, а Шкендија губела…
СледноШок за Шкупи: Против Ирците ќе мора и без Реналдо Цефас!