Иако минаа два дена од онаа бламажа со Брајтон во 1.коло во ПЛ, кога Јунајтед дома загуби со 1:2 и го упропасти дебито на новиот тренер Ерик Тен Хаг, сепак коментарите не престануваат.
А хит секако е потегот на деценијата на Хари Мегваер. И кога го имаш Хари за капитен тогаш не е чудно што твојот Јунајтед изгледа очајно.
Хари “ИЗГУБЕНИОТ“, се потсмеваат сите на видеото во кое се гледа како капитенот на Јунајтед на погрешната страна ги строи играчите пред да излезат на теренот на мечот со Брајтом.
Колку толку бруката ја спаси Давид де Геа, кој навреме му подвикна на својот капитен да ја промени страната.
Очајно или подобро кажано нова БУРЛЕСКА на Хари…
Погледнете го видеото и смејте се…
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) August 8, 2022