Австрија очекува триумф над Македонија во првиот меч на ЕУРО 2020 година. Очекувањата се големи, но Австријците се внимателни пред пресметката со нашата селекција.
„Опасни се. Имаат добри играчи во офанзива кои имаат техника и може да направат решавачки потег. Пандев е светска ѕвезда. Тој помина славно време во Интер, секогаш е во гол форма во Џенова. Дури и тоа што не е побрз од противникот, секогаш е опасен. Мораме да се браниме како тим“, рече Драговиќ.
Драговиќ вели дека слабостите на Македонија се тоа што нивната офанзивна игра остана простор позади и дека веднаш по освоена топка, треба брза трансформација во нападот.