Сега веќе екс голманот на ракометниот клуб Вардар, Робин Кантергел на убав начин се збогува со неговиот досегашен тим, и со се што е поврзано со Скопје и „црвено – црниот“ состав.
„Merci Skopje“, напиша Кантергел и со тоа го испочитува двократниот Европски шампион кој му ги отвори вратите изминатиот период.
Реално не се наигра во Вардар, не доби преголема минутажа, па ќе остане двоумењето на јавноста дали можеше да добие поголема можност да ги искаже своите квалитети.