Во Барса се оптимисти: Ќе ги регистрираме сите нови играчи!

200

Управата на Барселона му соопштила на тренерот Чави дека ќе ги има сите фудбалери на располагање на првиот меч од новата сезона во шпанската Ла Лига. Барселона поради финансиски проблеми беше одбиена од челниците на Ла Лига за регистрација на новите фудбалери поради што се најде во непредвидени проблеми.
Сепак, од Барса ги испратиле сите документи до лигата за новите фудбалери како и финансиски извештај и уверуваат дека ќе им бидат прифатени, па Чави ќе може да ги користи сите фудбалери, вклучувајќи ги и новаците за мечот со Рајо Ваљекано на 13. август, пренесува каталонски „Спорт“.
И покрај финансиските проблеми, од Барса се убедени дека сите нови играчи ќе бидат регистрирани и нема да има проблеми да продаваат или да се ослободат од некои од нив.
Инаку засега Барса очекува заминување на Мартин Брајтвајт кој не е во плановите на Чави, а од Пике и Де Јонг да ја намалат платата ако сакаат да останат на „Ноу Камп“.

ПретходноБарди пристигна во Трабзон: Среќен сум што ќе играм за шампионски тим
СледноИнтер претстави уникатeн гостински дрес за сезоната 2022/23