По комплетирањето на трансферот на Алексис Санчез, францускиот Олимпик Марсеј го свртел вниманието кон дефанзивниот играч за врска на Манчестер Јунајтед Ерик Баји. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска шест сезони е во Манчестер Јунајтед, но не игра често. Минатата сезона што поради повреда што поради лоша форма само четири пати играше за првиот тим во Премиер лигата.
За поголема минутажа ќе мора да оди во друга средина. Марсеј донесе неколку квалитетни засилувања и покажа дека целите им се високи. Доаѓањето на Баји би бил огромен плус за клубот од „Велодром“ кој претходно освен Санчез донесе уште шест-седум нови играчи.
Интерес за Баји покажуваат уште Вест Хем и Монако.