Македонскиот фудбалски суперстар Енис Барди пристигна во Трабзон каде за неколку часа ќе биде промовиран во нов фудбалер на Трабзонспор. Тој ќе ги одработи медицинските прегледи и потоа ќе го потпише договорот.
„Среќен сум што ќе бидам дел од шампионски тим. Остануваат да ги средам сите детали и потоа да се видам со тренерот и новите соиграчи. Дојдов тука да го исполнам сонот и да настапам во Лигата на шампионите и, секако, да се радувам на што поголеми успеси со клубот како на домашната така и на меѓународната сцена“, изјави Барди по пристигнувањето во Трабзон каде беше пречекан од голем број на новинари кои бараа изјава од него.
Enis Bardhi has arrived in Turkey to sign for Trabzonspor from Levante. #Transfers 🛩🇲🇰 pic.twitter.com/yRr2fCHMlw
— EuroFoot (@eurofootcom) August 11, 2022