КФСМ официјално и даде поддшка на Македонската фудбалска репрезентација за настапот на Европскиот шампионат. На само три дена до првиот меч против Австрија, на фудбалерите им е потребна сета можна поткрепа од сите страни.
Пристигна и од онаа најблиската, кошаркарската. Раководните структури на федерацијата јавно ја подржаа фудбалската репрезентација и и посакаа многу успеси на ЕУРО.
Претседателот Перо Антиќ добро знае како е да се успее на еден ваков настан беше предводник на нашата златна генерација која во Литванија на Европскиот шампионат беше четврта.