Шкендија по првите 45.минути води со 1:0 од 22.минута и тоа со голот на Ферхан Буба Хасани, на реваншот од 3.квалификациско коло со АИК. Претходно Шаља беше фаулиран во казнетиот простор на гостите, а судијата Робертсон од Шкотска покажа на белата точка, сигурен пеналџија беше Хасани. Така тетовци имаат резултат кој ги носи во плеј – офот во ЛК.
Треба да се каже дека АИК имаше две големи шанси, но Захов спасуваше, а во 6.минута Хасани имаше зицер, од само 10 метри шутираше но гостинскиот голман одбрани.
Сепак важно е што Шкендија води.