Бојан Миовски по само неколку средби одиграни за Абердин стана хит меѓу фановите на овој клуб, еден од најголемите во Шкотска, но воопшто и кај сите во тамошната фудбалска јавност.
За Македонецот сите говорат во суперлативи, а стратегот на Абердин, Џим Гудвин не штеди пофални зборови за него.
„Она што го знам за Миовски е тоа што сонува да биде прва опција во нападот на македонската репрезентација. Се разбира дека ние како Абердин и головите што тој ги постигнува за нас во тоа ќе му помогнат.Не се сомневам дека Миовски ако постигнува многу голови за нас тогаш ќе биде и прв напаѓач на својата репрезентација“.
Инаку Гудвин вели дека со Миовски клубот има големи планови.
„Бојан за нас е сериозна инвестиција, и веднаш тој истата ја оправдува. Сега ако го ставиме на листа за продавање не само што ќе си ја вратиме инвестицијата туку и ќе заработиме. Ние сакаме тој да остане и во наредните години, ние имаме големи планови врзани со него“ рече покрај другото Гудвин.