Саво Милошевиќ сепак нема да биде тренер на Партизан, пренесуваат српските медиуми. Гордан Петриќ ќе го преземе клубот. Милошевиќ се откажал поради „технички причини“, што и да значи тоа.
Досегашниот тренер Илија Столица беше разрешен откако белградски тим беше елиминиран од квалификациите за Лига Европа од кипарски АЕК Ларнака. Реваншот во Србија заврши 2:2. Бидејќи резултатот на првиот натпревар беше 2:1 во корист на АЕК, кипарскиот клуб со вкупен резултат 4:3 се пласираше во баражот.
Петриќ извесно време беше и генерален секретар во Партизан, по што почна тренерска кариера и ги водеше екипите на Бежанија, Синѓелич, Земун, Чукарички и Рад во Србија, како и АЕЛ Лариса на Кипар и Горица од Словенија.