Вејн Руни не успеал да го убеди Барди да дојде кај него!

809

Енис Барди од Леванте се пресели во редовите на Трабзонспорт. Откако македонскиот репрезентативец беше и официјално промовиран како ново засилување во турскиот тим, тамошните медиуми излегоа со интересни детали.

Еден од нив е дека Вејн Руни, поранешниот англиски репрезентативец се обидувал да го убеди Барди да дојде да игра во Ди-Си Јунајтед во МЛС-лигата. Барди и Руни разговарале повеќе пати, но македонскиот репрезентативец бил цврст решен да игра во Лигата на шампиони, едноставно ја одбил неговата понуда.

Барди потпиша тригодишен договор и наскоро ќе дебитира на Транзонспорт.

ПретходноКаталонците завршија работа, Столе Димитриевски на голем тест!
СледноПостигнат е конечен договор за трансфер на Мемфис Депај и тоа за „смешна сума“