Барселона е принудена да се ослободи од неколку играчи до крајот на преодниот рок, а клубот дефинитивно останува без Мемфис Депај.
Многу се шпекулираше за Депај, на крајот е постигнат договор со Јувентус, па тој кариерата ќе ја продолжи во Италија каде со „Старата дама“ ќе се обиде да го освои Скудетото. .
Во Барселона Депај имаше плата од пет милиони евра, а добро информираниот новинар Матео Морето тврди дека Јуве ќе му даде седум милиони. Ова е трансфер кој на Барса нема да и донесе ништо, туку ќе го растерети буџетот за плати.
Депај ќе потпише двегодишен договор, додека Јуве ќе „плати симболична бројка“ како обештетување.
Пред Барселона, Депај играше во Лион, Манчестер Јунајтед и ПСВ. Има дури 80 настапи во националниот дрес, а има постигнато 42 гола.
Со оглед на бројните пристигнувања во Барселона ова лето, и самиот беше свесен дека нема да ја добие вистинската можност и веројатно преселбата во Јувентус во овој момент е најдобриот потег што можеше да го направи.