Серија А: Шампионот тргна триумфално, Аталанта славеше во Џенова (ВИДЕО)

149

Италијанскиот шампион Милан со убедлива победа од 4:2 над Удинезе ја отвори новата сеозна на „чизмата“. „Росонерите“ пред своите навивачи одиграа натпревар богат со голови и пресврти, кој на крајот им припадна со убедлив резултат за стартни три бода на табелата.

Милан лошо влезе во натпреварот. Невниманието по корнерот за гостите веќе во втората минута го доведе Удинезе во водство со голот на Родриго Бекао. Сепак, до 15. минута домашните веќе имаа предност. Во 11. минута беше досуден пенал, а Тео Ернандез постигна гол од белата точка за 1:1. Четири минути подоцна Милан поведе откако Анте Ребиќ една убава акција ја претвори во гол за предност од 2:1.

Во третата минута од судиското надополнување, Масина израмни на 2:2.

Во вториот дел Милан беше многу подобар и со головите на Брахим Дијаз и вториот на Анте Ребиќ во 68. минута ги постави конечните – 4:2.

Во вториот натпревар одигран во Џенова, Аталанта како гостин ја совлада Сампдорија со 2:0. Головите за тимот од Бергамо ги постигнаа Толои и Лукман.

Серија А, 1. коло:

Милан – Удинезе 4:2

Сампдорија – Аталанта 0:2

ПретходноОд очај во очај: Манчестер Ј. понижен заминува и од Брентфорд (ВИДЕО)
СледноЌе беше ТАПА да не беше ТРАПАН!