Италијанскиот вицешампион Интер со гол во последните секунди од судиското продолжение на мечот против Лече успеа среќно да дојде до првата сезонска победа на отворањето на новата сезона во Серија А лигата.
Новајлијата во италијанската елита успеа да се избори за егал меч до самиот крај, иако гостите многу рано, по само две минути игра со голот на Лукаку остварија предност од 1:0.
Лече беше упорен и градеше игра, која даде резултат во 48. минута, кога Гамбиецот Кесеј погоди во мрежата на „нероаѕурите“ и израмни на 1:1.
Интер притискаше до крајот на мечот, а среќата ги посака во 94. минута кога Дамфрис успеа да се снајде најдобро пред гостинскиот гол и да погоди за конечни 1:2.
Во вториот меч вечерва Монца на домашен терен беше поразена во премиерата во Серија А од Торино со 2:1.