Стигна објаснување за чудното однесување на Мбапе, кој во еден момент замавна со рацете и застана (ВИДЕО)

690

Килијан Мбапе синоќа се најде во центарот на вниманието. ПСЖ славеше против Монпеље со убедливи 5-2, а францускиот репрезентативец направи потег со кој ги разочара фановите на клубот.

Килијан кој постигна еден гол во триумфот, во еден момент се откажа од играта. Тоа го направи откако Витиња му ја додаде топката на Лионел Меси, тој замавна со рацете и отиде речиси до аут-линијата.

Овој потег на 23-годишниот фудбалер предизвика големо внимание. Многумина го нападнаа Мбапе, а имаше и објаснување за неговата реакција на теренот.

Француските медиуми дознаа дека Мбапе имал „приватни проблеми“ пред натпреварот. Не открија за што точно се работи, но очигледно е нешто големо, штом Мбапе вака реагираше.

И покрај тоа што за „проблемот“ дозна непосредно пред мечот, реши да истрча на теренот и придонесе за победата на својот клуб.

За Мбапе по натпреварот проговори и тренерот на ПСЖ, Кристофер Галтиер. Тој истакна дека ѕвездата на неговиот клуб не е во најдобра физичка кондиција.

“Мбапе сака да победува и сака веднаш да има влијание врз тимот. Сепак, тој се уште не е 100 проценти подготвен. Му треба време и кога ќе биде во право, разликата ќе се почувствува на теренот”, изјави Галтие и за ситуацијата на теренот рече:

“Видов сè и ќе ви повторам. Тој играше малку за време на подготовките, последниот натпревар го одигра пред три недели. Знаев дека тоа физички ќе влијае на него. Тој не е подготвен како остатокот од тимот на моментот“, изјави тренерот на ПСЖ.

 

ПретходноЧави Хернандез е статистички најслабиот тренер на Барселона во изминатите 20 години
СледноСветот на фудбалот зборува за новиот срам на Јунајтед, но и за потегот на Роналдо