Македонската репрезентација У16 сепак не успеа да и парира на Шпанија. „Фуријата“ сепак имаше лош старт на Европското првенство „А“ Дивизија кое се одржува во Скопје, а тоа го покажа на дело против нашите кадети, славеше со убедливи 86-59. За избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ ова е втор пораз на шампионатот, откако претходно беа совладани од Грција.
Со овој скор „црвено-жолтите“ групната фаза ја завршуваат на третото место и во следната рунда ќе вкрстат со второпласираниот од групата Ц, најверојатно селекцијата на Турција.
Победникот на мечот беше решен по една четвртина, во седмата минута Шпанија поведе со 23-8, на полувремето беше 48-22. Разликата постојано растеше, а противникот без проблем ја одржа до самиот крај.
И на оваа средба бројот на изгубени топки беше голем, а ниту пак се подобри реализацијата од линијата за слободни фрлања. Македонија имаше 21 изгубена топка и 22 погодени слободни фрлања од 36 обиди.