Германскиот шампион Баерн Минхен ја забележа и втората победа сезонава во Бундес лигата, а овојпат „настрада“ Волфсбург. „Баварците“ на „Алијанц“ славеа со 2:0 со голови во првото полувреме. Мусиала ја начна мрежата на гостите со својот трет погодок во првенството по оние два во првото коло против Ајнтрахт и Томас Милер во 44. минута. Во 20 минута погоди Садио Мане но голот беше поништен поради офсајд.
Сепак Баерн не дозволи изненадување и впиша нови три бода. Волфсбург го впиша првиот пораз.
Дома Меѓународен фудбал Германија Баерн го „спакува“ и Волфсбург, Мусиала со трет гол сезонава (видео)