Академија ФМП успеа да ја направи трансформацијата од Здружение на граѓани во Акционерско друштво и со тоа го потври своето место во Првата лига и за следната сезона.
Од клубот на својата официјална страница излегоа со соопштение, ви го пренесуваме во целост.
„Трансформацијата од здружение на граѓани во Акционерско Друштво е успешно направена се со цел нашиот клуб да продолжи да се натпреварува во Првата лига и во наредната сезона.
Во минатата сезона нашиот клуб успеа да заврши на 3-тата позиција на табелата во регуларниот дел и да настапи во полуфиналето на Купот на РМ, при што ја имаше својата најуспешна сезона, но за жал поради административни проблеми и немањето можност да се пререгистрира во АД во временскиот рок за минатата сезона, истата ја завршивме со настап во Плеј-Аут лигата.
Целта за оваа натпреварувачка година е стабилизација на финансиски и организациски план и давање шанса на млади домашни играчи, на кои ќе бидат приклучени неколку домашни и странски искусни играчи.
Тренер на екипата останува Никола Божиноски, кој го наследи на клупата Александар Петровиќ кој премина во редовите на МЗТ Скопје Аеродром“.