Компани: Го сакаме Чурлинов, сепак остануваат уште некои детали!

517

Дарко Чурлинов е пред портите на Барнли, на тимот од Чемпионшип. Според шпекулациите тој треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот, но остануваат уште некои детали да се разработат. Така изјави менаџерот на Барнли, славниот Винсент Компани.

Не е тајна дека го сакаме Чурлинов. Тој е играч кој ни се допаѓа. Сепак има некои детали кои треба да се разработат. Преговорите се во тек, тој може да игра на повеќе позиции, но ајде да не говориме за играч кој уште не е наш“ потенцирал Компани.

ПретходноФК Работнички со жестока реакција: Скандалозно судење на Пилешков!
СледноТренер на колото: Ѓорѓе Стојчев (А.Пандев)