Јавноста во Србија уште е во неверица откако селекторот на кошаркарската репрезентација Светислав Пешиќ го пречкрта капитенот Милош Теодосиќ за ЕП кое започнува за две недели.
Имаше разни шпекулации, разни приказни зошто го сторил тоа Пешиќ, а денеска конечно тој ја кажа вистината.
„Со него разговарав, тој разговор според мене беше доста добар. Секако дека одлуката не беше лесна, секако дека и тој беше изненаден, а кога станува збор за таков профил на играч никогаш не е лесно. Му кажав дека не можам да му гарантирам дека ќе биде прва опција, и тоа дека сега има подобри играчи од него. Според мене репрезентацијата е најдобра кога во нејзе не играат 12 најдобри играчи туку кога тие 12 најдобро функционираат. Јас му се заблагодарив, исто и тој мене и тоа е тоа“ рече покрај другото селекторот на Србија.