Жарко Пешевски: Самиот сакав да се уверам што значи Е. Пелистер за Битола!

248

Факт е дека Жарко Пешевски, репрезентативецот на Македонија, во наредната сезона ќе биде екстра засилување за Е. Пелистер. Со својот квалитет и искуство, тој ќе биде еден од клучните ракометари за остварување на амбициите на тимот.

За тоа како се работи на подготовките, Пешевски потенцираше:

.Искрено, задоволен сум како минаа базичните припреми во Маврово. Се работеше на високо ниво, минимум три-четири тренинзи на ден. Потоа се вративме во Битола, каде нивото на тренинг се намали. Работиме повеќе на тактичко-техничкиот дел, а трчањето е веќе зад нас. Се спремаме за педесеттиот јубилеен турнир во Струга, каде што ќе има многу квалитетни екипи и тоа е идеална шанса да се претставиме во најдобро светло пред двата важни дуели.

Екипата од минатата сезона ја напуштија десеттина ракометари, дојдоа 7-8 новајлии. Повеќе сме спринтерски ориентирани, има многу трчање, нема време за измени. Секој го дава својот максимум, па дури и јас се враќам и играм одбрана, па ако има шанса се менувам. Работиме на високо ниво, имаме одлично темпо и ќе создаваме проблеми на секој противник.

May be an image of 1 person and standing

Како што кажа самиот Пешевски, го подготвувале за неговото доаѓање во Битола:

Бев спремен да дојдам во Битола, ме подготвуваа на тоа. Но, не верував на гласини и на приказни, морав сам да се уверам. Секој битолчанец, и тој што има шанса да дојде во салата, а и тој што не доаѓа, спремен е да нè бодри и желен е да го види Е.Пелистер во најдобро издание“ изјави Пешевски.

ПретходноЈетон Беќири ќе биде тренер во С. Арабија!
СледноФото на колото: Прилеп е најфудбалскиот град во Македонија!