Борусија Дортмунд одби огромна понуда од Јунајтед за Санчо

352

Англискиот фудбалер, Џејдон Санчо најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд во летниот преоден рок. Овој 21-годишен играч се поврзува со Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ испратиле официјална понуда до репрезентативецот на Англија.

Тимот од „Олд Трафорд“ понудил 78 милиони евра, но Борусија веднаш ги одбиле, бараат повеќе пари.

За услугите на офанзивецот бундес-лигашот бара 95 милиони евра, сума која мора Јунајтед да ја исплати во краток период, а не на пет рати. И покрај овие барања се очекува во брзо време да биде постигнат договор меѓу двата клуба.

ПретходноЅвездата на Австрија си отвори луксузен ресторан во Виена! (ВИДЕО)
СледноЈута и вторпат ги „преслуша“ ЛА Клиперс, Милвоки со прва победа над Бруклин (ВИДЕО)