Мароко со италијански тренер на СП во Катар

364

Вахид Халилхоџиќ доби отказ од селекторската функција на Мароко и Фудбалскиот сојуз на таа земја го одбра неговиот наследник кој ќе ја води репрезентацијата на Мундијалот во Катар.
Откако босанскиот тренер си замина мароканската јавност очекуваше на клупата да седне Валид Реграгуи, но ФС реагираа поинаку, се одлучија за странски тренер и тоа Валтер Мацари.
Именувањето на Мацари за селектор на Мароко е изненадување како за мароканската така и за италијанската јавност. Овој 60-годишен тренер последната работа ја имаше во Каљари, а претходно работеше во Торино, Ватфорд, Интер, Наполи и други клубови.

ПретходноФудбалерот поради кој Нуњез доби црвен картон ги пријави заканите во полиција
СледноНигериско засилување за Победа