Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа го отворија јубилејниот педесетти турнир во Струга. Битолската екипа славеше со 27:23 над домаќинот Струга во рамките од А групата.
Заради временските услови натпреварот против домаќинот, во рамките на првото коло во групата А, се одигра во салата „Нико Нестор“. За екипата на Ларс Валтер дебитираа сите новајлии. Пелистерци почесто имаа предност, на моменти со +5 и без драма го приведоа натпреварот кон крај. Струга демонстрираше силен отпор. Во вториот натпревар од првото коло во оваа група играат АЕК Атина и Татран Прешов.
Утре е слободен ден за Еурофарм Пелистер, а во рамките на второто коло в четврток следи дуел против Татран Прешов (19:15 часот).