Кадетите поразени и од Турција, Македонија ќе се бори за опстанок!

136

Македонската машка кадетска репрезентација го запиша и третиот пораз на Европското првенство „А“ Дивизија кое се одржува во Скопје. Младите надежи беа убедливо совладани од Турција со 82-74. Овој пораз значи дека „црвено-жолтите“ ќе се борат за опстанок во елитното друштво.

Избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ имаа само добар вовед на оваа средба, отворија со 7-0, но тука застанаа, противникот направи серија од 19-2 и повреде со двоцифрени 19-9. Во вториот период Турција продолжи во ист ритам, дпјде на плус 15 41-26 и 43-25, на одморот.

Нашите момци се обидуваа да се вратат во вториот дел, но едноставно немаа шанси, во 26 минута беше 61-37. Во продолжение, поточно во последните две минути Турците се опуштија, па нашите момци тоа го искористија за да го ублажат поразот.

Во првата средба за опстанок ќе играат со поразениот од мечот меѓу Литванија и Данска.

ПретходноБранителот наиде на силен отпор: Аплаузите за Алкалоид, победата за Вардар
СледноЦрна Гора не преслуша со +36 на контролниот меч во Бар