Македонскиот женски фудбалски шампион, тимот на ЖФК Љуботен, денеска на комплексот Петар Милошевски од 17:00 часот ќе го игра својот дуел од квалификациите за Лигата на Шампионите против екипата на Сент Полтен, најдобриот тим во моментов од Австрија.
Нашиот состав е силен, има интернационалки во својот табор, но сепак, за да се добие екипа која има далеку повеќе искуство на меѓународна сцена и реално доколку Љуботен денеска исвојува поволен резултат тоа ќе биде рамно на сензација.
На тетовци им посакуваме многу успех и нека ја израдуваат Македонија со триумф над силниот противник. Во првиот дуел од овој турнир, тимот на тимот на Динамо Минск од Белорусија беше подобар од првакот на Бугарија, Локомотив Стара Загора до 5:0.