Тимот на Челзи во текот на денешниот ден ќе исрпати официјална понуда до Барселона за откуп на репрезентативецот на Габон, Пјер Емерик Обамејанг.
Иако напаѓачот најави дека сака да остане на Ноу Камп во исто време немал ништо против да се врати во Премиер лигата, и да заигра повторно за еден од топ клубовите таму. Исклучена е можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед поради лошиот статус на клубот пред се на резултатски план во моментов, па Челзи е тимот кој очигледно влегува во комбинација.
Од Лондон веќе преоѓаат на дело, па информациите од Шпанија се дека првичната понуда ќе биде 14. милиони ерва, иако Барселона бара и повеќе од двојно, 30 милиони.
До крајот на преодниот рок има уште доволно време двата клуба да се договорат околу конечната сума и Челзи да добие нов напаѓач.