Фудбалерите на ПСЖ масовно се жалат на однесувањето на ѕвездата на тимот и предводник на нападот, Килијан Мбапе.
Французинот, кој неодамна го продолжи договорот со клубот, иако на големо се зборуваше дека ќе оди во Реал Мадрид, во новата сезона почна да се однесува поинаку. Како што пренесува UOL Esporte, играчите на клубот од главниот град се жалат дека Мбапе станал неподнослив и разгален.
Згора на тоа, тоа се гледа и во неговите апели до раководството.
Наводно, тој побарал да се отстрани „аргентинската банда“ од клубот. Според изданието, во него се Лионел Меси, Мауро Икарди, Леандро Паредес и Анхел Ди Марија, кој веќе го напушти клубот.
Андер Ерера, Кејлор Навас и Нејмар се во контакт и со фудбалери од Латинска Америка, што по некоја причина го нервира Мбапе. Па затоа во последно време Навас, Икарди и Паредес постојано се поврзувани како фудбалери кои треба да го напуштат „Паркот на принцовите“ до крајот на летото.
Младиот фудбалер побарал од шефовите да го продадат Нејмар, поради конфликт со него, по што ситуацијата беше решена.