Готово е: Манчестер Ј. прифати да плати 60+10 милиони евра за Касемиро

326

Трансферот на Касемиро во Манчестер Ј. е готова работа. Како што потврдија повеќе извори, Реал Мадрид ги прифатил сите детали од понудата на „црвените ѓаволи“.

Клубовите ги подготвуваат договорите токму сега и во косу рок трансферот ќе биде и официјално потврден од двата клуба. Фиксната сума која англискиот гигант ќе му ја плати на Реал (М) за Касемиро е 60 милиони евра, а во договорот ќе има и клаузула за бонуси во висина од 10 милиони евра.

Касемиро ќе потпише четиригодишен договор со важност до 2026 година, но ќе има и опција за продолжување на соработката на +1 година. Лекарските прегледи се предвидени за викендов.

ПретходноГо претставија како големо засилување, а 40 часа подоцна го отпуштија
СледноВМФЛ стартува со седум дуели: Мечот во Велес место утре, ќе се одигра во среда