Струга 2022: Бутел и Алкалоид поделија по бод

130

Ракометарите на Бутел и Алкалоид одиграа нерешено 26:26 во првиот денешен натпревар на четвртиот ден од Струшкиот ракометен турнир. За Алкалоид и за Бутел Скопје ова беше првиот бод на турнирот, со тоа што тимот на Кирил Лазаров на крајот во групата го освоија третото место.

Овој бод за Алкалоид значи меч за петтото место. За Бутел како последно пласиран во групата ќе остане борбата за седмата позиција.

Видовме интересен натпревар, во кој Бутел на стартот водеше со 6-2, додека на другата страна Алкалоид се врати во вториот дел, успеа да дојде на плус два, но во самиот финиш поведе со 23-21. На крајот Илиевски реализираше од седум метри за реми.

Мајиќ од редовите на Бутел со 11 гола беше најефикасен на мечот. Кај Алкалоид Серафимов постигна шест.

ПретходноДури 45 натпревари од новата НБА сезона ќе се играат во „европски термини“
СледноДе Роси стартува како тренер и тоа во клуб од Серија Б