Ѓорче ја “мерка“ Победа за први бодови во новата сезона!

165

Попладнево од 17 часот на стадионот во Ѓорче, домашниот состав на Македонија ЃП, во меч од 3.коло во ПМФЛ, ја пречекува прилепска Победа.Интересно, овие две екипи досега одиграа три средби и на сите се поразени. „Лавовите“ гостуваа кај Шкупи и загубија со 1:2, додека Победа прво беше “торпедирана“ од Струга ТЛ а потоа загуби и од Тиквеш дома.

Се разбира дека домашниот состав е голем фаворит, има тим кој и оваа сезона би требало да се бори за излез во Европа, иако ова лето “лавовите“ таму и не се прославија посебно по онаа бламажа во Софија.

Прилепска Победа реално нема тим за ПМФЛ, прилепчани само чудо може да ги спаси од враќање во втора лига, но нели, сезоната само што започна, а во фудбалот секогаш има изненадувања.

Да кажме дека за утре се закажани сите останати четири натпревари, во нив се среќаваат Струга ТЛ – Работнички, Силекс – Скопје, Тиквеш –Брегалница и во дербито А.Пандев – Шкендија.

Во ова коло слободна е екипата на Шкупи.

ПретходноРоналдо го поврзуваат со германски тим, не е Баерн!
СледноМото ГП по примерот на Ф1: Од следната сезона ќе има спринт-трки