Екипата на Еуро Никел го потпиша второто засилување пред стартот на новата сезона.
Составот на кавадаречкиот тим ќе го засили хрватскиот центарт, Јуре Планиниќ. Станува збор за 23-годишен кошаркар, кој во Еуро Никел доаѓа од тимот на Цедевита Јуниор. Минатата сезона имаше просек од 7,6 поени, 4,2 скока и 0,9 асистенции на 29 одиграни натпревари.
Планиниќ беше дел од Задар со кого играше и во АБА лигата.
Кавадарчани до сега го потпишаа Марјан Младеновиќ, кој доаѓа од Пелистер, го задржаа и Дарко Соколов од минатогодишниот состав.