Борусија Дортмунд го загуби дуелот со Вердер со 2:3 на „Сигнал Идуна Парк“ и тоа на чудесен начин. „Милионерите“ водеа со 2:0 до 89 минута, а во наредните пет минути примија три гола и беа поразени.
„Да бидам искрен, го заслуживме ова фијаско. Борусија не играше добар фудбал, тимот изгледаше слаб и во првото и во второто полувреме. Не успеавме да воспоставиме контрола на натпреварот. Начинот на кој ги примивме головите во финишот е глупав, брутален и иритирачки. Останавме со празни раце. Како дојде да го изгубиме мечот во период од пет минути, тешко е да објаснам“, изјави тренерот Един Терзиќ.
Борусија го доживеа првиот пораз сезонава во Бундес лигата.
Дома Меѓународен фудбал Германија Терзиќ по чудесниот пораз на Борусија: Заслуживме да загубиме, бевме ептен лоши