Бањаја ја освои и Австрија – станува интересна трката по титулата

107

Возачот на Дукати Франческо Бањаја победи во трката на „Ред Бул Ринг“ за Големата награда на Австрија. Со оваа победа Италијанецот му се приближи на актуелниот шампион Фабио Квартараро на табелата во генералниот пласман.
Бањаја водеше на трката речиси од самиот старт пред Квартараро, а трет заврши Џек Милер. Со тоа прв пат од 2008 година еден возач на Дукати врзува три едноподруго победи.
Од четвртото до десеттото место завршија Марини, Зарко, Еспаргаро, Биндер, Ринс, Бецеки и Мартин.
Во генералниот пласман Квартараро има 200 поени, втор е Еспаргаро со 168, трет е Бањаја со 131 бод, а четврти Бастијанини со 118 бодови.
Наредната трка е ГН на Сан Марино на 4 септември.

ПретходноЛудо во Еквадор: Ќотек, картони, мечот траеше дури 110 минути!
СледноРеволтирани го напуштија шампионатот – нема шанси овие деца да имаат 15 години! (видео)