Патрис Евра крена раце: Мора да промениме сè, не одиме никаде со овие играчи

426

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра не е изненаден од лошиот старт на неговиот поранешен тим во новата премиерлигашка сезона. „Црвените ѓаволи“ во првите две кола не освоија ниту еден бод, а навивачите дополнително ги загрижи катастрофалната игра во дуелите со Брајтон и Брентфорд.

„Кога сте премногу добри во претсезоната и се чувствувате добро, тоа значи дека не работите доволно напорно. Исто така, го обвинувам Тен Хаг – сите овие играчи го измамија како што ги измамија и другите менаџери. Тие изгледаа добро во претсезоната и Тен Хаг би сакал да ги направи уште подобри, но не. Тие се веќе психички скршени. Секогаш кога се соочуваат со голем предизвик, играчите на Јунајтед не успеваат да го надминат. Така е со години, веќе не ни боли, дежаву е. Мора да промениме и да обновиме сè. Не одиме никаде со овие играчи“, изјавил Французинот.

ПретходноПадна рекорд во Франција: Мбапе во осмата секунда постигна гол за водство против Лил (ВИДЕО)
СледноНервоза, тензии и голема победа на Виљареал на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)