ПСЖ ја продолжи супериорноста во Лига 1, откако вечерва на гости кај Лил славеше со импресивни 7:1.
Мбапе мечот го заврши со хет-трик, додека Нејмар постигна два гола и имаше уште две асистенции. ПСЖ веќе имаше предност по 8 секунди игра, бидејќи Меси на феноменален начин го проигра Мбапе, кој го лобуваше голманот за 1:0.
По серијата пропуштени шанси, во 28. минута Меси зголеми на 2:0, а до крајот на првото полувреме меѓу стрелците се запишаа и Хакими и Нејмар.
На стартот од вториот дел, Нејмар погоди на асистенција на Хакими, додека Бамба две минути подоцна го постигна почесниот гол за домашните.
До крајот на натпреварот, Мбапе го комплетираше хет-трикот.