Германскиот шампион Баерн Минхен силно ја стартуваше новата сезона и оствари три убедливи победи со кои постави и нов рекорд во Бундеслигата.
Победите од 6:1 во Франкфурт над Ајнтрахт, потоа 2:0 против Волфсбург и вчера 7:0 во Бохум го доведоа минхенскиот тим во позиција да ги освои сите 9 бода со импресивна гол-разлика од 15 дадени и само еден примен гол.
Така Баерн стана првиот тим во историјата на Бундеслигата со ваков старт на една сезона. Рекордот е соборен и на гостувањата, откако на воведните два меча на гости Баварците постигнаа дури 13 гола, нешто што досега не му успеало никому.
Баерн дефинитивно нема конкуренција во Германија и прашање е само кога ќе освои нова титула.