Доминацијата на Баерн му здосади: Нојер почна да игра и како лев бек (ФОТО)

568

Фудбалерите на Баерн на неделното гостување го совладаа Бохум со убедливи 7:0 и покажаа дека и без Роберт Левандовски се први фаворити за освојување на Бундеслигата. Баварскиот гигант веќе има десет титули во низа, а таквата доминација доведе до тотална неинтересност на Бундеслигата.

На навивачите на останатите клубови им „досади“ што не можат да ја прекинат доминацијата на најуспешниот германски клуб, а се чини дека и на Мануел Нојер веќе не му е интересно да стои меѓу стативите на голот на Баварците и да чека некоја шанса за противничките тимови.

Искусниот германски голман, познат по своите истрчувања надвор од шеснаесетникот, сега почна да шета на теренот уште во раната фаза од натпреварите. Така на вчерашниот меч со Бохум на фотографија која од вчера кружи на социјалните мрежи, може да се види како Нојер веќе во првата третина од натпреварот игра на позицијата лев бек, на речиси 40 метри од неговиот гол. Во тие моменти шампионот на Германија имаше два гола предност, а до полувремето успеа да го удвои бројот на постигнати голови.

ПретходноАмериканците не отстапуваат: Се помалку шанси Ноле да игра на УС Опен
СледноОбложувалниците веќе знаат: Кој ќе биде првиот менаџер во Премиерлигата кој ќе добие отказ?