Вардар на домашен терен и пред полна сала секогаш може да смета на победа. Вака размислува капитенот Стојанче Стопилов во пресрет на утрешниот меч со Нексе во четвртфиналето на СЕХА лигата.
„Форматот е таков, се игра само еден натпревар, кој го играме дома против противник кој одлично го знаеме. Тоа е тим кој не го менува ростерот често. Сега е еден натпревар и мислам дека имаме сили за победа. Имавме лимитирано време за подготовка, играме дома и се надевам дека ќе биде полна сала и со поддршка на навивачите да дојдеме до победата“, вели капитенот Стоилов.