Алиоски: Дадов убав гол, но најважно е што победивме

752

Езџан Алиоски го постигна првиот погодок во дресот на Фенербахче. Тој погоди во победата на неговиот тим со 4:2 против Адана Демирспор во турската Суперлига. По мечот беше задоволен од изданието на својот тим, од себе, но не и од противничките играчи.
Некои играчи од противничката екипа ги провоцираа нашите навивачи за време на натпреварот. Ова не е професионален став и е против духот на фудбалот. Не можеме да го прифатиме ова. Како резултат, мислам дека заслужуваме да победиме денес“, изјави Алиоски.

Мислам дека одигравме добро. Понекогаш до победа се стигнува по потешкиот пат. Видовме и два гола на нашата мрежа, но успеавме да останеме смирени во текот на натпреварот. Покажавме карактер. Мора да продолжиме на ист начин. Ја заслуживме денешната победа повеќе од се бидејќи се боревме заедно на теренот“, вели Алиоски кој посочи дека можел да дојде во Фенер пред една година.

Дадов убав гол, но најважно е што победивме. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови. Убаво ми е кога придонесувам за тимот. Нашите навивачи направија одлична атмосфера. Ова им го кажав и претходно, требаше да дојдам во Фенер пред една година, но тоа не се случи. Денеска навивачите беа фантастични. Ни требаат, сакам да ги радувам со мојата игра и со тимските победи“, заклучи македонскиот репрезентативец.
ФОТО: Fanatic.com.tr

ПретходноКадетките убедливо совладани и од Ирска
СледноТен Хаг: Личевме на екипа, момците играа е*ено добар фудбал