Младиот играч за врска Рики Пуиг ја напушти Барселона и кариерата ја продолжи во МЛС лигата и тоа во Лос Анџелес Галакси. Тој изненади со одлуката да не остане на „Ноу Камп“ туку да замине во САД. Сега ги откри и причините.
„Последниот месец во Барселона за мене беше многу тежок. Изоставен бев од списокот за турнејата во Америка и такво нешто претходно не сум доживеал. Неколку играчи останавме да тренираме сами додека другите беа на турнеја и играа натпревари. Тоа навистина ме повреди“.
Посебно зборуваше за раководството и Чави.
„За нив немам многу што да кажам и не сакам воопшто да ги спомнам. Никој во животот не ме разочарал како Чави и Барселона. Тоа е се што имам да кажам“, изјави Пуиг.