Алкалоид во новата сезона во Супер-лигата ќе влезе како единствен тим кој ќе биде составен од македонски ракометари. На чело на клубот е селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, кој без двоумење прифати да биде дел од амбициозниот проект на Алкалоид за доброто утро на овој спорт во нашата земја.
Ќе се оди чекор по чекор, главна цел е плеј-офот, а се над тоа ќе биде голем успех. Еден од најискусните Никола Маркоски, кој е ново име во тимот очекува добри изданија во сезоната што доаѓа.
„Наша цел оваа сеозна како РК Алкалоид е плеј-офот, ако ни се укаже за излез во Европа, тоа ќе биде добро за нас. Имаме добра екипа, се надевам на добри изданија“, изјави македонскиот репрезентативец.
Капитенската лента ја има Игор Ѓорѓиев, кој заедно со своите момци ќе играат современ ракомет, нешто што Лазаров веќе го воведува во националниот тим.
„Оваа сезона имаме цел да играме добар и современ ракомет. Се надеваме дека ќе се најдеме во плеј-офот во Супер-лигата“, рече кратко Ѓорѓиев.
- Екипата на РК Алкалоид за сезоната 2022/2023:
1. Јане Цветковски – голман
2. Иван Галевски – голман
3. Благојче Трајковски – голман
4. Дарио Кофилоски – лево крило
5. Давид Димевски – лев бек
6. Едвин Омерагиќ – лев бек
7. Теодор Тодески – лев бек
8. Михајло Младеновиќ – лев бек
9. Божидар Илиески – централен бек
10. Марко Митев – централен бек
11. Игор Ѓоргиев – централен бек
12. Мартин Серафимов – десен бек
13. Михаил Иваноски – десен бек
14. Александар Петковски – десно крило
15. Александар Стојков – десно крило
16. Никола Маркоски – пивот
17. Марко Стојковиќ – пивот
18. Кристијан Симоноски – пивот
- Стручен штаб:
Тренер: Кирил Лазаров
Помошник-тренер: Билјана Црвенкоска
Кондициски тренер: Петар Баснарков
Физиотерапевт: Тоше Ристовски
- Менаџмент:
Претседател на клубот: Горан Минов
Оперативен директор: Милош Милошевски
Спортски директор: Љубомир Савевски
Технички секретар: Анита Вучидолова