Емерсон Палмиери е ново засилување за Вест Хем

151

По трите порази од почетокот на сезоната во Премиерлигата без постигнат гол, Вест Хем вечерва го објави потписот на италијанскиот репрезентативец Емерсон Палмиери од Челзи.

28-годишниот дефанзивец им се приклучува на „чеканите“ со четиригодишен договор, со опција за плус уште една година. Двата клуба не ја соопштија сумата на трансферот, но шпекулациите велат дека истиот тежи 15 милиони фунти.

Емерсон е роден во Бразил, но се пресели во Италија во 2014 година и оби државјанство, играјќи и во финалето на Евро 2020 на Вембли.

„Многу сум среќен што сум овде. Ова е голем предизвик за мене, Вест Хем е голем тим, па затоа сум многу среќен што сум тука и подготвен сум“, изјавил Емерсон.

ПретходноЛШ: Ц. Звезда со автогол остана без групна фаза, слават Бенфика и В. Плзен
СледноСкариоло го скрати списокот на кошаркари на кои смета за Евробаскетот 2022