УЕФА подготвува казни за 10 клуба меѓу кои и Барселона, ПСЖ, Рома, Интер…

329

УЕФА подготвува казни за десет клуба кои ги прекршиле правилата за финансиски „фер-плеј“ во текот на минатата сезона, пренесува британски „Тајмс“.

Во моментов, европската фудбалска централа истражува вкупно 20 клуба, а најмалку половина веројатно ќе бидат казнети. Голем број „големи“ клубови се под надзор на УЕФА, меѓу кои Барселона, Пари Сен Жермен, Олимпик Марсеј, Интер, Јувентус и Рома.

Француските клубови ПСЖ и Олимпик Марсеј речиси сигурно ќе добијат парични казни, додека трансферните ограничувања се веројатна казна за Интер и Рома.

Во најлошото сценарио на Барселона и се заканува исклучување од европските натпреварувања.

ПретходноВечерва „пријателски“ судир на титаните: Барселона го пречекува Манчестер Сити
СледноАдеми и Ристовски вечерва пред полни трибини бараат Лига на Шампиони